Биди инспирација! :) | Be an inspiration! :)

03-skopjecasual-ulica
Лежерно Скопје е наше Скопје!
Многу пати веќе сме ви кажале дека блогот го почнавме сакајќи да докажеме дека кежуал е ок. И пет години подоцна, уште се бориме против шљокици, турбофолк и 15цм штикли, но среќни сме што постојано запознаваме сè повеќе лежерни истомисленици што ни го прават секојдневието поубаво. :)

Почнавме со нашите комбинации, со модата од улиците, со скопски ликови, кежуал дизајнери и креативци, но со време некако спонтано дојде дека лежерно Скопје е многу повеќе од мода. Баш затоа, наместо редовен (емо) пост за изминатата година на блогот, решивме да направиме нешто плус за нашиот сакан град. :)

Стикерчињата од сликите ги направивме пред 2 години, ама цело време некако чекавме добар момент да ги споделиме со светот :) Предроденденски, сè се поклопи. :)

Ги прошетавме нашите омилени места, ги споделивме нашите идеи како да го направиме Скопје поубаво и лежерно. И да, колку и да звучи како големо клише, сфативме дека Скопје си е само посебе мнооогу кежуал, а мали работи можат да направат гооолема разлика :)

Ајде да бидеме инспирација за сите околу нас! :)

Повеќе | More >
1 2 3 146