Search results

45 results found.

IrinaTosheva.com

Веруваме дека за Ирина Тошева повеќе не треба да пишуваме никакви воведи, со клик на името ќе видите што сè досега сме објавиле за нејзината работа во последниве три години :)

Нашата најнова соработка на повик од Ирина е да покажеме дека нејзината најнова колекција е едноставно нослива, во наш лежерен стил во повеќе варијанти и уште побитно – на сите девојки без разлика на личниот стил или градбата на телото.

Избравме две маички со различен принт на материјалот и различен крој – Ива со тенки прерамки и отворен страничен дел со принт кој делува како да потонувате во водата, а Сандра со пошироки вкрстени прерамки со отворен грб, игра со материјалот во задниот дел и принт од меурчиња за пукање под стрес, кои Ирина ги делеше и на самата ревија :) Калина одбра да носи сако од штоф сатен со затворање во стил на кимоно и ни ја покажа лежерната страна на бизнис стилот во комбинација со цветна кошула.

Поводот за оваа соработка е новоста на Ирина – отварање на нејзиниот вебсајт кој содржи и е-продавница, па трк на irinatosheva.com да си ги најдете вашите фаворити! ;)

English translation at the end of the post.

Повеќе | More >