Search results

81 results found.

Искречивме – 2! | Redesigned – 2!

ИМАМЕ НОООВ ДИЗАААЈН! Малку пред четвртиот роденден решивме да се поддотераме, па да ја почнеме новата година (сфативме дека сме завршиле средно, па сега се спремаме за факултет :)) со нов изглед на блогот :)

Првиот пат, искречивме само 100 дена од креирањето на блогот (да, тогаш уште броевме во денови :D) и сменивме некои ситници за кои сфативме дека не ни функционираат од самиот почеток. На почетокот го одбравме Tumblr како платформа бидејќи сакавме блогот да се базира на фотографии, но како што знаете понатаму почнавме и малку повеќе да пишуваме :)

Она што нè натера да му откажеме љубов и да мигрираме на сопствена платформа и WordPress базиран сајт беа неколку работи (идни блогери, внимавајте :)):

  • Tumblr е многу сличен на Pinterest, се базира на фотографии/галерии и не е предвидено да има многу текст. Затоа бевме и ограничени на мали фотографии во текстуалните постови без разлика колку големи беа фотографиите оригинално. Исто така, нивната техничка поддршка нè игнорираше за ова барање, па… :)
  • Бидејќи сепак сакавме малку поголеми фотографии, одлучивме да ги „линкаме“ од друга платформа (Google+ албуми) што исто така ни направи проблем бидејќи често знаат да бидат недостапни поради некои измени во привилегиите на самите линкови за споделување.
  • Пресудно за одлуката беше тоа што на Tumblr одеднаш им текна минатово лето дека треба да вклучат кирилични карактери од насловите во самите линкови (url) на секој пост, па така постот со линк кој завршуваше со “post/123/redesigned” доби екстра карактери “post/123/искречивме-redesigned” и за жал таа измена беше направена ретроградно. Тоа значи дека преку 1200 постови од последните 4 години ги изгубија сите податоци за споделувања, лајкови и коментари… и повторно бевме игнорирани од техничката поддршка :)
  • Другите причини отприлика ги има и во постот од пред 4 години :)

Она што го добивме сега како придобивка е:

Повеќе | More >