Збогување со летото | Bye bye summer

Иако раната есен ми е омилено годишно време, некако многу тешко ми оди збогувањето со ова лето. Фотките кои ќе ги видите подолу ги направивме во едно жешко попладне, но топлиот ветер кој не престануваше да ни пречи (се гледа по фризурата :)) упорно ни најавуваше дека имаме уште малку време да уживаме во жештината.

Иако малку „пофенси“ од тоа што обично сум навикната да го одбирам, часовникот кој го носам ми се допадна од две причини. Првата, ремчето е во форма на синџирче, тренд кој ми изгледа многу интересно во последно време. Втората, часовникот се крие зад капаче со кое може да се носи и како алка, па таа 2 во 1 функција некако ме потсети на детството и првите училишни денови кога најголем фраер беше оној кој имаше детски часовник „на отворање“ :)

Школската година веќе почна, есента кај и да е пристигнува, но тоа е само уште една причина повеќе да уживаме во последните жешки денови. Очила на глава, апостолки на нозе и газете ги весело жешките скопски улици! :)

Часовник: GUESS – W0321L1 POP ICON

English translation at the end of the post.

tumblr_inline_nb1bf5YM4x1r8ynb7.jpg

image

image

image

image

image

image

image

Even though early autumn is probably my favorite time of the year, this year I’m finding it kind of hard to say goodbye to summer. The photos in this post were taken on a warm afternoon, but the mild wind that kept distracting us (you can see its “effects” on my hair :)) kept on reminding us that we have only a short amount of time to keep enjoying summer.

Even though it’s a bit more fancy from what I usually choose, the watch I’m wearing is here for two reasons. The first one, the strap is in the form of a chain, a trend I’m starting to like more and more these days. The second one, is that the watch is “hidden” behind a cap, you need to open it in order to see the time, and it actually works pretty good as a bracelet. It kind of reminds me of the first days of school when you were the coolest kid if you had a watch that opens :)

School is already here, autumn is slowly but surely coming, but that is just one more reason to enjoy the last days of summer. Put on your sunglasses, wear your sandals and walk around the warm streets of Skopje! :)

Watch: GUESS – W0321L1 POP ICON

Facebook Comment



You may also like