На 27 декември, „Моден викенд Скопје“ ќе ја презентира најновата колекција на шапки и додатоци за коса на дизајнерката Мирјана Јосифоска. Колекцијата со име „Циклус/Cycle“ е инспирирана од боите користени во народните носии, изработена со еко материјали како реупотребена 100% македонска волна, 100% свила, постава од вискоза и парчиња текстилен отпад.
„Боите што ќе бидат искористени во колекцијата се бои што што можат да се најдат кај народните носии: бела, зелена, црвена, сина и црна. Секоја од нив има посебно значење за македонскиот фолклор. Белата претставува почеток и невиност, зелената – плодност и среќа, црвената претставува живот, љубов, војна и крв, сината- лојалност, меланхонија и тага, додека црната – смрт и крај. Всушност, инспирацијата за името на колекцијата „Циклус/Cycle“, доаѓа од значењето на секоја од боите – циклусот на животот опишан преку боите во македоскиот фолклор.“ – вели дизајнерката Јосифоска.
Ревијата е invite-only, но веруваме дека набрзо потоа ќе можете да ги погледнете сите парчиња на официјалниот Instagram профил: https://www.instagram.com/mirjanajosifoska/