Recent Tweets @SkopjeCasual
Random Posts
Follow on Bloglovin
Posts tagged "blogger"


Одамна не сме претставиле некој нов креативец (креативци и блогери - тука), а Марија Роглиќ ни дојде како кец на летна десетка! :)

Изработува најразнолик накит од Фимо (бренд на полимерна глина) со неверојатно прецизни детали, а нејзиниот талент е живописно отсликан во многу слатки летни искушенија! Погледнете ја нејзината колекција на неодоливи сладолетчиња, нарачајте си кај неа на мејл (marija_roglic@yahoo.com) и гледајте да не ги грицнете погрешните корнети :))

English translation at the end of the post.

image

image

< ПОВЕЌЕ / MORE >



Милена ја запознавме при нашето организирање на Филмскиот Бутик, каде во соработка со Em Ellephantski ја претстави колекцијата од нивни дизајни на маички, кои исто така надополнети со беџови и фарбани ташни се најдоа и на еден од штандовите на Прво па женско.

Нејзиниот бренд АТАМИ, постои веќе година и пол, а деновиве конечно и се официјализира. Овој пат ви ја претставуваме нејзината соработка со Миљана од Gaya.

Тие заедно ги мешаат строгите минималистички кроеви, убавите, квалитетни материјали, ставајќи ги во една урбана, улично-романтична рамка. Нивната мини фото-сесија ја направи Zewlean Icarus (Димитар Апостолов) кој ја уловил атмосферата која сакале да биде пренесена преку колекцијата… среќнеење, хедонизирање, уживање во природата, сонцето и боите.

Дизајнирањето и изработката по мерка е составен дел од целата приказна, а Милена за колекцијата вели:

„Верувајќи дека модата е многу гласно изразно средство, кое невербално, најјасно збори за НАЈважното - за Личноста, се надеваме дека нашата облека и модни додатоци ќе најдат место во личните визуелни изјави на индивидуалците, оние кои знаат.

Всушност, нели тоа е најубавата и благородна работа на дизајнерот, да ја извади и потенцира личноста на клиентот. Кога личниот стил ќе се преведе на современ моден јазик - тоа е тоа! :)„

—-
ATAMI - дизајнер Милена Атанасова

Контакт: studioatami@gmail.com / 071 858 875

Дизајнот на логото на АТАМИ е од Атанас Ботев.

—-

English translation at the end of the post.

image

< ПОВЕЌЕ / MORE >



По првиот пост во кој ви споделивме дел од македонските модни блогови и по првата модно-блогерска средба каде претставивме уште неколку, откривме уште многу блогови преку Блогираме и добивме многу пораки од вас за многу други девојки и дечки кои се осмелија да отворат свој онлајн моден дневник со сопствена содржина.

Секој со посебен стил, оставаме на вас да си одберете кои од блоговите ќе ги следите понатаму, а ние се надеваме дека наскоро повторно ќе имаме можност да ги запознаеме :)

По редослед на откривање:

1) Go with the flow - Блогов е првиот кој го добивме како предлог веднаш после нашиот прв пост кој не го знаевме иако постои од 2008-ма година. За жал не го знаеме името на авторката, но нејзиниот боемски стил нѐ плени! Објавува инспирации, желби за уникатни парчиња како и нејзини фотографии и колажи.

Дополнување: Благодарение на вашите споделувања откривме дека блогот е на Мартина (фб, твитер), ви благодариме :)

image

< ПОВЕЌЕ / MORE >