Македонски модни блогови | Macedonian style blogs

Знаете како викаат, sharing is caring :) Во пресрет на блог и твитер наградите организирани од Блогираме и NewMediaMk, бевме прашани кои се тие блогови освен Skopje Casual кои ќе влезат во категоријата мода. Оние што веќе сме ги покриле со индивидуален пост (модни блогови и блогови за рачна изработка) може да ги најдете тука.

Ептен сакаме модни блогови и супер ни е што конечно можеме да претставиме уште неколку нови македонски блогерки кои сакаат мода :)

(без некој особен редослед)
1) Skopje Street Style – Најстариот блог што го знаеме е на модната новинарка Ана Несторовска која за жал не пишува толку често во последно време. Нејзиниот стил е доста интересен и како стилист учествуваше на една ревија на FWSK заедно со други модни новинари. Штета што нема фотографии од неа.

2) VezilkaАлександра ја откривме неодамна, објавува инспирации (па, имаме и некои слични) и има интересен ретро/винтиџ стил на облекување. На блогот може да најдете нејзини фотографии и поезија.

 

3) Marama’s Place – Марина е скопјанка која не се срами (за разлика од нас :)) да се фотографира. На својот блог покрај фотографии објавува и супер описи за гардеробата која ја носи.

 

4) Sanja’s Burgundy Blog – уште една храбра блогерка, Сања, ги објавува своите модни комбинации, како и импресиите од нејзините патувања.

 

5) Diario Creativo – блог на Хрватката Дијана која во моментов живее во Скопје. Покрај фотографии од нејзиниот супер лежерен стил, пишува и за нејзината инспирација и искуство во Македонија.

 

6) Style FilesЕлена е модна дизајнерка која доста зрело и опширно пишува за нејзините модни икони и инспирации, но и општо за животот и стилот.

 

7) Ana Stil – Блог на Штипјанката Ана која презентира инспирации, работи што може да ги направиме сами, како и модата во Штип.

 

8) Lets talk fashion – интересно блогче на младата Тамара која покрај нејзините модни инспирации, објавува и упатства/туторијали за шминка, иако не е секогаш лежерна во наш стил, може да ви се најде доста корисна за одредени поводи :)

 

9) City Moon Tonight – Варја постира инспирации и модни икони со огромна доза на уникатен стил. We like!

Сигурни сме дека има уште многу блогови кои ги немаме откриено… ако имате информација, знаете каде да нè најдете! :)

Facebook Comment



You may also like