Веројатно последниве денови веќе неколку пати досега сте го слушнале неизоставниот скопски муабет: Што е со времево? Малку за инат, малку за подобрување на сопственото расположение, овој пат решив да се борам против дождот со цвеќенца :)
Колку и да звучи неверојатно, ситница како хулахопки со цветен дезен успеа да го направи променливото време малку поподносливо и повесело. Се фотнавме со Калина и Сандра (more photos soon), си договоривме убави работи со Mana Fashion (more info soon:), си одбравме супер часовници од my:time и му рековме на дождот: http://skopjecasual.mk/wp-content/uploads/2014/05/tumblr_m6qs8mfuyA1r916gk1.gif
Затоа, ајде сите да се бориме со лошово време со јарки бои и весели шари! Самите си носиме пролет, па што? :)
Часовник: Esprit 107132004 alice silver
Нарачај го тука: http://mytime.mk/mk/products/esprit/ES107132004-alice-silver
English translation at the end of the post.