Оваа сабота на наше големо задоволство бевме дел од настанот „Кажи нешто“, блог натпревар наменет за учениците од средните училишта од Македонија. На самиот натпревар беа пријавени над 200 учесници кои во изминатите 5 месеци работеа на развивање на своите блогови, мора да признаеме, импресионирани сме! :)
Иако не бевме во полн состав (Калина оправдано се журкаше со NIN :) имавме да кажеме многу :) Ја споделивме приказната на Skopje Casual и дел од нашите искуства со младите блогери, се фоткавме, се дружевме и се наполнивме со многу позитивна енергија.
Нашата презентација можете да ја погледнете тука:
Фотките од саботната дружба ве чекаат подолу :)