Таман се одморивме од Fashion Weekend Skopje, и дојде време за нова убава дружба со голем дел од македонските модни дизајнери. Во организација на Ludus, на 9 и 10 мај ќе се одржи “Super Design Pop-up Store”.
За поп ап продавниците на Ludus веќе ви пишувавме, разликата оваа година е тоа што “Super Design Pop-up Store” се најавува како најголемо издание досега. Дизајнерите чии дела ќе можете да ги погледнете (а и купите :) се: LUDUS / Lidija Georgieva / ATAMI / Just Because / Jelkica Popovska / Acidwear Girls / Bastet Noir / BipArt / Elena Ristovska / Elena Spasovska / Eklektika Jewelry / Kapka Jewelry / Biljana Karovska / Simon Angel / Chic Undercowear / Linija / Biljana Karan / Mikka / Ilina Popovska / Melani Dimitrovska / Goblen / Stilissimo. На кратко, гардероба, накит, додатоци, се’ што ви е потребно на едно место :)
Поп ап продавницата ќе биде отворена во галеријата на МКЦ на 9 мај во 12 часот, а ќе работи на 9 и 10 мај од 12 до 22 часот. Се гледаме! :)