Во претстојнава сезона пролет/лето, Индог ни ја претставува најмалата колекција досега, но секако не помалку креативна од претходните, која нѐ воведува во приказната на малите убави моменти кои нѐ радуваат во животот како дел од петтата сезона на неговиот бренд облека – Celebrate Life.
Горан за овие илустрации вели: „Иако нацртав 10 илустрации сепак решив да се задржам на најбитните моменти кои што мене ми се значајни последниве месеци а, тоа се сонцето кое што со неговото изгревање и заоѓање го означува раѓањето на новиот ден или завршувањето на истиот исполнет со многу предизвици и моменти :) Покрај оваа илустрација танцот и играта се повторно присутни но овој пат илустрирани преку куче. Кучињата се секогаш расположени и ведри за игра. Кај нив нема манипулации и лаги кои што ние луѓето ги користиме за да се допаднеме некому за да бидеме нешто што не сме по секоја цена само за да добиеме внимание. Таа нивна искреност и весела константност мене ме фасцинира.“
Маичката со сонцето е испринтана со флуоросцентна боја која потсетува на зајдисонцето, а таа со кучето е црно-бела како и неговото куче и вечна инспирација. Токму и нам овие маички нѐ потсетуваат на нашите моменти на средба со Индог каде или спортува на кејот на зајдисонце или го шета неговото весело куче Поко :)
Белите летни маички претставени повторно од урбани ликови, овој пат доаѓаат и во машка и женска варијанта наместо во унисекс големина како претходните, па знаете веќе каде да си нарачате. Ние веќе го направивме тоа :)
Многу сме среќни што покрај официјалните фотографии, премиерно можеме да ви го прикажеме и видеото за најновата Celebrate Life колекција. Уживајте! :)
Фото и сценографија: Жарко Чулиќ
Коса и шминка: Panache
Модели: Ангела и Боби
Видео: Indog