За прв пат имаме гостински пост со одличен DIY предлог. Прочитајте што ни подготви Ива за оваа пролет, и секако чекаме фотки од вашите дела :)
Трагајќи по интересна плик ташничка која ќе ми одговара со било кое парче облека, наидов на овој интересен туторијал за проѕирна ПВЦ плик ташна. Баш ми се допадна идејата да се гледаат сите ситници кои ги влечкам со мене. Покрај тоа некако и ме потсети на минатото кога често можеше по плажите да видиме вакви проѕирни торби и ташни. Баш има некако ретро и шик изглед.
Изработката е многу едноставна. Оваа плик ташна може да ја изработите и од некој друг материјал, како на пример, вештачка кожа, текстил, па дури и хартија!Процесот на изработка видете го тука (линк:http://wanderandhunt.com/blogs/tutorials/8363693-diy-transparent-clutch)
Еве ја мојата плик ташна!
Јас се одлучив да и ставам зелено копче и рабовите ги поминав на машина за шиење (што не ви препорачувам да го направите и вие, многу е тешко, а визуелно не е ништо подобро од она што е предложено во туторијалот) Морам да напоменам дека потребна ви е многу дебела игла бидејќи ПВЦ-то е доста тврдо посебно кога е преклопено во неколку слоеви.
Совет плус: За подобар ефект во внатрешноста може да вметнете новчаниче или мало несесерче во различна боја!
Малку инспирација пред да започнете со работа: