Да или не? Воопшто, дали би носеле бели фармерки? Јас дефинитивно немав носено цел живот поради фактот што сакам да седам на ѕитчиња, клупи, тревници.. и никогаш не сум купила зашто знаев дека би ги валкала, па обично купувам темни панталони и фармерки.
Ама! Минатата есен после подолго барање успеав да најдам одличен пар на валкано-бели дебели фармерки кои не се проѕираат и стојат како и класичните тексасни модели, па во нив не мора (премногу) да се замарате дали изгледате дебело :P
Иако all black изглед не е за фрлање ако се изведе добро, доста ми е да гледам по улици само црни фармерки, црни капути, црни капи и шалови. Иако зимава повеќе е црна отколку бела, сакам да избегам од црнилата и да си одлутам во некоја снежна идила кога носам бели фармерки, ако ништо друго барем на ден-два, зашто после мора да отидат за перење поради скопскиов смог :) :(
С.
English translation at the end of the post.