Што да спакувате кога треба да одите некаде на 2-3 дена и како да не заборавите ништо? Одамна се спремав да го напишам ова после постот за како да патувате со рачен багаж објавен тука.
Од искуството, најбитно е да си ја свртите целата приказна во глава и да се замислите целосно што носите со вас од глава до петици: станувам сабајле и се спремам, а во мисла: одма спакувај пижами, несесер, четка за заби, итн.
Фино би било и еднаш да составите список со сите варијанти на патувања (летни, зимски, викендашки) и само да протрчате низ него колку да проверите нешто да не сте заборавиле, особено пасошот :)
Фотографииве се од тоа што носев на патување од 2 дена, во септември, на север, за работен состанок.
1) Облека за по пат
English translation at the end of the post.
Марамата служи за перница, блуза на закопчување зашто секогаш е поладно во авион, саатот е задолжителен кога мора да го исклучиш мобилниот заедно со една фина голема книга чија батерија не цркнува, не ѝ треба интернет и може да се чита на полетување и слетување :)
+ фалат старките, јакната и ташната (за во неа не знам да се зауздам и носам милион работи)
Иако се удобни, никогаш не сакам да носам тренерки и хеланки – некогаш нема место на бординг портата, па седам на куфер, на скали, итн.. А може ќе одите директно на кафе или ручек откако ќе ве пречекаат каде што одите.
Не носете накит, непотребен каиш (само ако ви треба да ги држите фармерките на место), течности со вас во рачниот багаж и чевли/чизми со високи штикли или метални додатоци за да поминете безболно на безбедносниот скенер.
2) Облека за еден ден (на работен состанок :/)
Панталони, кошула, сако, марама… сè во неутрални тонови (бизнис кодекс) и сè да може да се комбинира едно со друго. Ако треба да седите 10 дена, носете работи за 4-5 дена што се комбинираат меѓусебно наместо посебни комбинации за 10 дена, земете ги работите што дома ги носите најчесто, сигурно таму нема да експериментирате со изгледот. Во случајов знаев дека ќе останувам на една вечер, така што не носев ништо повеќе од она што ми е неопходно: долна облека и чорапи (секогаш +1 пар, не се знае кога ќе ве фати дожд или нешто слично), реквизити за туширање и уште една маичка за по пат назад.
+ фалат чевлите, балетанките и ташната за лаптоп.
Кога одите често негде на викенд или краток период, добро е сите козметички средства што ги користите да ги имате и во помали пакувања (ако одите со авион со рачен багаж, мора да се максимум до 100мл), на пример пастата за заби што ви е при крај тргнете ја во посебен несесер со резервна четка за заби за да не ги заборавате и не експериментирајте со шминки – носете ги тие што ги практикувате секојдневно. И боди е задолжително за на север или за во Охрид, ич да не ви е гајле дали (не) е секси :)
Со тек на време доволно ви е само да ја имате мислата во глава и само да шетате низ дома прибирајќи ги работите во куфер по автоматизам… бон војаж! :)
С.
—————————————————————————
How to pack for a couple of days and not forget anything important? I’ve been wanting to write this for a while now as a second part of the post about traveling with hand luggage published here.
From my experience, the most important thing is to be able to go through your day (or days) in your head and think thoroughly about what would you wear from head to tow and what would you carry along with you. Like, you get up and get ready, so in your thought you make a list about packing your PJs, toothbrush, toothpaste, etc.
It would be nice if you could once make a list for all travel types (summer, winter, weekend) and just go through it quickly just to make sure you’re not forgetting anything, especially your passport :)
The photos are from what I wore for a two-day trip, in September, up north, for a business meeting.
1) What to wear on the road
The scarf can serve as a pillow, the cardigan is convenient because the temperature in the plane is always lower, the watch is obligatory when you have to turn off your phone along with a nice big book whose battery won’t drop dead, and it doesn’t need internet, so you can still read it during take off and landing :)
+ the All Stars are missing from the photo, along with the jacket and the bag (in which I cannot manage to put less than a million things)
Even though they’re comfortable, I don’t prefer to wear sweatpants or leggings – sometimes there’s no room at the boarding gate, so I sit on the suitcase, on the stairs or the floor… and you might go out for coffee or lunch as soon as you get to your destination.
Don’t wear jewelry, unnecessary belt (depending on if you need them to keep your jeans in place), don’t take liquids along with you in the hand luggage or shoes/boots with high heels and metal add-ons, so you could pass the security scanner with ease.
2) What to wear for a day (for a business meeting :/)
Pants, a shirt, a blazer, a scarf… everything in neutrals (business clothing codex) and everything matchy with each other. If you need to pack for 10 days, bring clothes for 4-5 days that can be easily matched with each other instead of carrying 10 different outfits, bring along only the stuff you usually wear at home, you probably won’t experiment with your look on the run. In this case I knew I’d stay for one night, so I didn’t bring anything that I didn’t really need: underwear and socks (always bringing 1 extra pair, you never know when the rain gets you), stuff to take a shower and an extra t-shirt to wear on the way back.
+ the shoes are missing, along the flats and the laptop satchel.
If you travel often for weekends or short periods, it’s a good practice to have all your cosmetics in small packs (if you go by plane, they shouldn’t be larger than 100ml), for example, you can put away the toothpaste before it’s completely used in a separate vanity bag with a spare toothbrush so you’d never forget them, and don’t experiment with your makeup – bring along the stuff you use for your everyday look. And take a bodysuit if you go north or to Ohrid, you shouldn’t bother if it’s sexy or not :)
In a while you’ll get into the rhythm of just going through your “mind list” and walk around the house automatically putting stuff in the suitcase… bon voyage! :)
S.