Ново студио на Јована Филиповиќ | Jovana Filipovic’s new studio

Вчера бевме дел од отворањето на новото студио на Јована Филиповиќ, на која воедно имавме можност и во живо да ја погледнеме новата колекција Resort 2016. По минатогодишната одлична журка, веќе имавме високи очекувања за овој настан на Јована :) По фотките можете да забележите дека не бевме разочарани :) Весели луѓе, прекрасен амбиент и супер дружба, супер комбинација за одлична вечер.

Resort се состои од 18 модели – широки панталони, раскошни кошули, тесни женствени здолништа и баланс меѓу принт, еднобојно и игра со самите матерјали. Ништо помалку од тоа што очекувавме, прекрасни модели кои можете да ги комбинирате од сабајле до вечер :)

Новото студио се наоѓа во близина на Custom Pub, на улица Васил Главинов, број 14, влез 1 (гледа на шпанската амбасада), спрат бр.4. можете да проверите лично дел од оваа убавина. Со среќа Јована!

English translation at the end of the post.

image

image

image

image

image

image

image

image

image

Yesterday we were a part of the new opening of the studio of Jovana Filipovic, along with a promotion of the new collection Resort 2016. After last years great party our expectations were high, and from the photos you can see that we weren’t disappointed. The studio in great space as ever, cheerful people, a truly great ambience, recipe for a great party. :)

The new collection Resort consists of 18 pieces and is filled with flowy pants, rich shirts, stretch skirts and a balance between print, monohcrome and material mixes.

The new studio is near to Custom Pub, you can check personally a part of this beauty. Good luck Jovana!

Facebook Comment



You may also like