А камерата добра е? | Is the camera good?

Кога ќе земеме нов телефон во рака, една од првите работи што ја испробуваме е камерата, па така и со волшебниот Huawei P9 на кого особено се израдувавме поради неговата многу зборувана Leica камера! И тоа камера не само со една, туку со две леќи со кои се постигнува поголема длабочина во фотографиите. Не е занемарлив и софтверот и во самиот процес на фотографирање кој овозоможува оваа мобилна камера да се однесува како професионален дигитален апарат (со подесување на aperture, shutter speed, iso, итн) како и во дообработката на фотографиите (корекции на контраст и слично).

Сепак, одлучивме овој пост да биде со фотографии со најосновните подесувања и без дополнителни обработки за да ги погледнете вистинските можности на оваа камера, иако во вистинскиот свет најверојатно ќе им влезевме на софтверските ефекти :)

Експериментиравме со сцени низ Скопје каде преовладуваа остри контрасти на сенка и сонце и многу многу ситни детали, а камерата навистина одлично се прилагодуваше на сите услови, иако мора да признаеме дека ни се топеше во рака поради високите температури! :)

И одговорот на прашањето е: да, камерата е одлична!

… мораме да спомнеме дека заштитно лице на целата кампања е Скарлет Јохансон, just sayin’ :D

English translation at the end of the post.

cof

 

cof

cof

cof

cof

cof

cof

cof

cof

When we take a new phone, the first thing we try out is the camera, and we did exactly that with the amazing Huawei P9 which we couldn’t wait to check out, especially because of the so much talked about Leica camera! A camera with not one, but two lenses which give incredible depth in photos. The software behind the camera is also amazing, enabling this phone camera to act as a professional digital camera (with settings for aperture, shutter speed, iso, etc) as well as photo editing (contrast corrections etc).

We decided to show you the real raw photos in this post, so there was no additional editing, even though in RL we would probably add some effects, just to make them even better :)

We experimented with scenes in Skopje where you could find big contrasts of shadow and sun, and many many small details, and the camera really adapted to everything, even though, we have to admit it, it was melting in our hands from the very very high temperature outside.

And, the answer to the question is yes, the camera is excellent!

Just one more thing, Scarlet Johanson is the face of Huawei P9, just sayin’… :))

Facebook Comment



You may also like