Доста ве држевме во неизвесност, нели? Време е да објавиме кој е добитникот на Skopje Casual маичка за само 1 денар :)
Благодарение на мини натпреварот кој го организиравме заедно со mojagarderoba.mk, си потврдивме дека имаме супер читател(к)и кои знаат како да „склопат“ одлични модни комбинации, и во исто време да ни го направат изборот на победник мноооогу тежок.
Сите комбинации си добија по некој глас од нас, но сепак се одлучивме за комбинација која е несекојдневна за комбинирање со маичка, баш поради тоа што ни изгледаше најинтересно – и дотерано и со свој лежерен шмек :)
Големо задоволство ни е да објавиме дека првата официјална Skopje Casual маичка ја добива:
Вера Гргуричин!!!
Најголемо фала на сите кои се вклучија во играта, ќе се обидеме што поскоро да имаме уште многу Skopje Casual маички за споделување :)