Оваа година дефинитивно на поинаков начин од досега (се надеваме за последен пат:)) го прославивме нашиот деветти роденден. Колку и да се условите различни и имавме многу повеќе ограничувања од претходно, едно нешто успеа да остане исто – љубовта и радоста што го носи овој ден за нас.
Фала ви на сите што ни пративте честитки, што се дотеравте по дома и што бевте барем на кратко гости на овој наш виртуелен роденден. Skopje Casual ни донесе многу пријателства и многу убавини а роденденот е еден супер потсетник на секое од нив.
Се гледаме и гушкаме за јублејна 10ка! :)