Интервју со Indog | Interview with Indog

Периодов ни тргна со славење па одлучивме уште малку да позборуваме за една од нашите омилени колекици за оваа сезона, Celebrate Life. Со Indog зборувавме за колекцијата, за лежерната мода и славењето на животот во Скопје :)

image

SC: Што ни носи новата колекција на Celebrate Life?

I:За разлика од ланската црно бела колекција и мој експеримент да се доживее поинаква весела експресија оваа година таа е со живописни бои и секако повторно весели мотиви. Таа е реакција на слободата циркуските животни/експерименти врз нив (На огромна радост ЕУ банираше годинава тестирање врз животни а, и циркусите се банирани насекаде. Прочитав некаде дека и кај нас ќе се донесе забраната за циркуси а-je!) Позитивниот циркус може да се случува секаде но, немора да експлоатираме животни бидејки и самите сме појава сами по себе  Покрај циркусот го славиме и возењето велосипед (илустрација посветена на сите весели и среќни луѓе на 2 тркала) Танцот исто така е неизбежен момент во секој дизајн на Celebrate Life.

image

SC: Дали покрај маички и торби можеме да очекуваме проширување со други парчиња гардероба од следните колекции?

I: План секако дека има за проширивање на повеќе производи. Јас одамна носам прототипи кои што го чекаат денот кога ќе бидат реализирани. Во план е соработка со некои модни дизајнери но, секоја идеја е многу моќна но безполезна додека не се оствари  Проблем ми е реалицазијата на истите бидејки сме лимитирани со штампање на материјали па се бара начин како тоа да се изведе дома а, да не мора да се нарачува и купува од надвор а, Celebrate Life е стриктно фокусиран на домашни материјали и производство и не би сакал го менувам сето тоа за сега.

image

SC: Колку е модата во Скопје лежерна и што ти е омилено во стилот на Скопјани?

I: Хух незнам колку сум компетентен за одговор на ова прашање али морам да кажам дека во Скопје секако има fashion freak-ови и луѓе кои што добро знаат да ги носат своите алишта.

Познавам малку луѓе кои што се визуелно писмени супер изгледаат и одлично комбинираат second hand до домашни дизајнери и се двојат од шунд масата што посебно ми е драго. Тоа се луѓето кои што модно писмени и се спремни да експериментираат и да оставаат без воздишки алал да им е! Инаку мене лично ми пречи недостатокот од продавници каде што можеме да купуваме лежерни работи (се надевам дека ова набрзо ќе се смени).

image

Подолу можете да го погледнете lookbook-от од комплетната колекција, а омилените парчиња можете да ги купите во Toxic Store во Лептокарија :)

Повеќе нема што да чекаме, let’s celebrate life! :)

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

image

Facebook Comment



You may also like