Апостолките повторно се вратија пред неколку години, откако биле модерни во 80-те и нашите родители ги нарекувале Јадранки :) Сега летото не можеме да си го замислиме без нив… дали на улица или плажа, совршени се за секоја комбинација да ја направат лежерна.
—
The flip-flops have come back a few years ago, after they were the real thing back in the 80s when our parents called them “Jadranki” because of the Adriatic Sea :) Now we can’t imagine our summer without them… whether on the street or at the beach, they’re perfect for making any outfit a casual one.
Иако и овие излижаните се мои, сепак омилените ми се купени случајно зашто немав избор кога еден ден ми се скинаа слични на нив… испадна дека се навистина квалитетни апостолки и веќе 5 години не можам а да не ги носам насекаде на моите патувања во секое годишно време.
Еве и од лани еден пост каде Ива ги носи нејзините во Скопје :)
—
Though these worn ones are mine, I still prefer my other favorites that I bought because of no choice when a pair of old ones got torn… it turned out that they are high quality flip flops and I keep wearing these everywhere I go during the past 5 years, no matter the season.
Here’s a post where Iva is wearing hers around Skopje :)