Calling all designers! :) Веб сајтот www.maici.mk и Polyesterday започнаа многу убава кампања во која ги повикаа дизајнерите од цела Македонија испратат свои дизајни на маички.
Секој дизајнер со самото пријавување ќе добие простор од максимум 4 страници на www.maici.mk, каде ќе може да ги претстави своите дела на пошироката јавност.
Сите пријавени дела ќе бидат следени од жири комисија која ќе селектира 25 дизајни како најдобри. Овие дизајни ќе бидат отпечатени и ќе бидат изложени на изложба / коктел од хуманитарен карактер, додека собраните средства од продадените маици ќе бидат донирани во хуманитарни цели :)
Звучи супер, нели? :) Доколку ви се допаѓа идејата, вашите дизајни можете веднаш да ги пријавите на info@maici.mk, но претходно прочитајте ги правилата за учество од овој линк.
Одвај чекаме да видиме што сте дизајнирале! :)