Заштитното лице на Fossil за Македонија е…| And the winner is…

We have a winner! Првиот блогерски предизвик за заштитно лице на Fossil за Македонија денес и официјално заврши! Ги собравме гласовите од публиката, гласовите на жирито од my:time и со големо задоволство можеме да споделиме дека првото заштитно лице за Fossil во Македонија е:

Sara Simplified!

winner

Зошто токму Сара?

„Едноставноста со која зрачи Сара совршено се вклопува во глобалната стратегија на Fossil. Сите нејзини објави беа во целосна корелација со брендот, украсени со сосема доволна нота на уникатност. Fossil се стреми да ја истакне убавината на секојдневните креативци кои ја претставуваат својата индивидуалност преку часовникот кој го носат. Сара успеа на совршен начин да ја пренесе својата креативна енергија во блог постовите за Fossil, креирајќи фотографии кои се едноставни, чисти и во духот на брендот.“ вели Теодора Николовска од my:time која заедно со целиот тим на my:time будно го следеше предизвикот и ја имаше тешката улога да ја направи одлуката за финалниот круг.

Огромна благодарност до сите блогери кои дадоа свој придонес во предизвикот, на сите вас кои шерувавте, гласавте, коментиравте…За нас ова беше едно одлично, големо искуство, се надеваме дека помогнавме малку подобро да се запознаете со македонските модни блогери и да се изнагледате убави постови :)

More info од новото заштитно лице, soon… :)

We have a winner! Our first bloggers challenge is officially over! We gathered the votes from the audience, from the my:time jury and it is our great pleasure to announce that the first face of Fossil Macedonia is…

Sara Simplified!

Why Sara?

“The simplicity which glows from Sara is blending perfectly into the global Fossil strategy. All of her posts were in correlation with the brand, with perfect amount of individuality. Fossil aims to point out the beauty of everyday creatives who represent their unique style via the watch they wear. Sara successfully managed to transfer her creative energy in her Fossil blog posts, creating photographs which are simple, pure and within the brand spirit.” says Teodora Nikolovska from my:time who followed the competiton from its very beginnings and had the tough job to choose the winner.

Thanks to all the bloggers who participated, to all of you who voted, shared, commented…This was a great learning experience for the three of us, we hope we managed to introduce you to some new fashion bloggers and enjoy a bunch of beautiful posts :)

More info on the new face of Fossil, soon… :)

 

Facebook Comment



You may also like