Вчера, во Concept37 Скопје имаше шанса да се види лице в лице со илустрациите на Марко Прокиќ, дела познати под името f.ckinfine. Графички принтови на својствено креирани фрази како “Убава фикција убаво боли” и “Оваа реченица е напишана наместо една што е избришана” красеа илустрации врамени на ѕидови и испринтани на маички, а сите фрази имаа чиста мисла и еден младешка нота на мешавина од надеж и меланхолија.
На Скопјани им се допадна оваа изложба, сите маички се распродадоа во рекордно време, а атмосферата може да ја видите подолу!