На денот на градот Скопје, 13 ноември, во Александар Палас, Ателје Кокев се претстави со својата колекција за есен/зима. Сценографијата наликуваше на тивка есенска ноќ, а рекламните матерјали даваа отсјај за инспирацијата од уметноста.
Сите креации беа со уникатни женствени форми, а самите материјали внимателно избрани со цветни дезени, комбинирани со построги материјали со точки, чипка и обоен твид. Девојките гордо ги носеа сите креации и успешно ги доловија своите улоги на прекрасни шумски нимфи во бајката на Кокев. Романтиката на импресионистите е очигледна инспирација, а парчето што нас нѐ воодушеви најмногу беше мешавината на цветното здолниште со свечен проѕирен црн горен дел.
English translation at the end of this post.
At the day of the city of Skopje, 13th of November, Atelier Kokev presented its autumn/winter collection. The scenography resembled a quiet fall night, and all the brand materials hinted of an art inspiration.
All creations were uniquely feminine, and the materials were carefully chosen in stylish florals, combined in stricter style forms like sprayed dots, lace and colored tweed. The girls proudly wore all creations and successfully captured their roles of forest nymphs in Kokev’s fairytale. The impressionist’s romance is an obvious thread, and the piece that amazed us the most is the combination of the floral maxi skirt and the dotted black transparent top.