Не е потребно да ви објаснуваме дека 2012 за нас беше голема година, нели?
На 3ти Март го започнавме Skopje Casual, а во изминативе 9 месеци, успеавме да го пресоблечеме блогот, да добиеме најубави маички, да споделиме убави подароци со Indog, да ја доделиме првата официјална Skopje Casual маичка, да го организираме Film Boutique со прекрасните Tiiiit, да направиме 2 видеа, да го добиеме првиот Skopje Casual микс, да добиеме ДВЕ медаљи на блогираме и Твитер наградите, да ги собереме на едно место македонските модни блогерки и да се охрабриме самите да се сликаме, сѐ на сѐ, да имаме година исполнета со убави моменти и радост.
Ви благодариме на сите што ги споделивте овие убавини со нас!
Ви посакуваме нова година исполнета со радости, со многу многу насмевки и лежерна мода! :) Гушки од Сандра, Калина и Ива :)