Искречивме! | Redesigned!

Веќе традиционално почнавме да си одбројуваме во денови, па ете ги, веќе 100 ни летнаа. Овие 3+ месеци ни помогнаа да сфатиме што ни недостасува, што би можеле да додадеме, па време беше да си ги почитуваме сопствените желби и да го искречиме блогов.

  • Си регистриравме .mk домен! :)
  • Сменивме боја (по желба на Ива)
  • Најнови постови во страничната лента (само во внатрешни страни)
  • Слични постови под секој пост (само во внатрешни страни)
  • Нови тагови (затоа што tumblr не поддржува пребарување на содржина)
  • Додадовме подменија и нови категории за полесно пребарување на содржината
  • Локалната содржина ја префрливме во нов текстуален формат за да имаме неограничен простор (за тематските, на пример) и поголеми фотографии на самата страна
Нешто моравме и да изгубиме…
  • Локалните постови бидејќи беа сосема префрлени ја изгубија претходната адреса (Permalink); Старите линкови од инспирациските постови ќе работат и ќе редиректираат на .mk доменот
  • Го испамиравме tumblr со 50+ нови поста, па ни ја блокираа сметката.. среќа имаме поука од искуство дека треба да се прави бекап, па успеавме без поголеми проблеми да го вратиме новиот дизајн! (инфаркти избегнавме за влакно)
  • Дали заради блокирањето или новиот домен, ги изгубивме сите like-ови од facebook и споделувања на twitter :( :( :(

Фала што ни го посетувате блогот, што никој не ни замери дека 2-3 дена не постиравме ништо додека не средивме сè да биде тип-топ!

Ако имате предлози или најдете некој баг, ве молиме пишете ни!

Ажурирајте си ги линковите ако сте линкале до некој пост кај нас, кликајте лајкови, твитајте, пинувајте… а ние ќе полниме нова свежа содржина за вас ;)

Со лежерна љубов,

Ива, Калина, Сандра

Facebook Comment



You may also like