FWSK 05.04.2013 Hard to Explain + Mikka Design

Сте посакале некогаш да избегате во природата, да се сплотите со нејзините гранки и лисја и да играте со шумските нимфи?

Вчера за момент Hard to explain нѐ однесоа на пат низ природата кон која копнееме, каде земјените тонови направија да дишеме со полни бели дробови во шумска ладовина сред лето… украсени со гранки и мешункасти плодови, моделите продефилираа и на првите ниски сандали, а во рацете држеа ташни во форма на лист, паун или був.

Како дополнување на нивната ревија, на слична тема се претстави и Mikka Design, но со морски мотив. Го почувствувавме мирисот на летна ноќ на пристаниште, а моделите носеа од парчиња мотивирани од октопод до рибарски мрежи и плетени панталони.

English translation at the end of the post.

Повеќе | More >