Кокев: Парче од Франција во ГТЦ | Kokev: A piece of France in SCC

Mинатата недела ја имавме убавата можност да прошетаме до новото ателје и продавница на Кокев во ГТЦ, да помуабетиме за простор, за мода, за излози, трендови и парфеми. На кратко, се изнауживавме :) На долго, читнете подолу :)

Простор и инспирација. Еден простор нуди пристап, место за изложување и разговор, и овој простор е шанса за отворена комуникација со купувачите и заинтесираните. Инспирацијата на просторот носи со себе дел од Франција и романтизмот од 18век, француско кантри и цвеќиња во кофи. Велат комодите и килимот за во централната просторија допрва следат, но ние секако ви препорачуваме да ги посетите, ви ветуваме дека со првото стапнување ќе го почувствувате мирисот на Париз :)

Мирис и романтика. 18-от век е проткајан во начинот на изложување на сите модели, третманот на жената во прекрасните гардеробери и внимателно избраните детали. Наоштрениот нос ќе го забележи мирисот на Actress, првиот македонски дизајнерски парфем за кој зборувавме надолго: мешавина на свежо и благо, составена од есенции на ружа, цимет, мандарина и бегамот, пробани и разменети меѓу 34 комбинации. Мирисате свежина, зачекорувате во убавина.

Благодарност до Taња за прекрасниот пречек, времето ни летна низ колачиња и лесен разговор.

English translation at the end of the post.

image

Повеќе | More >