Вчера се отвори Soulmatik, ново место на Гоце и Коста, ново место на соулот и винилот и ново место за сите Скопјани. Вечерта на првото отворање со музика не почести Dirty Harry, направија чест и гужва многу Скопјани, слушавме супер музика и шизевме во славје.
На влез ве пречекува голема тераса на отворено, влегувате во место со индустриски дизајн и огромни црно бели фотографии, за на крајот да стигнете до катчето до флиперница и уште една скриена тераса. Soulmatik е место за соул и место за душа, нека им е со среќа и нек ни е на здравје!
English translation at the end of this post.
