По најавата што ја споделивме за вчерашните настани, многумина нè прашуваа што всушност е „Месиер 45“?
Во Планетариумот во склоп на МКЦ, две групи на гости под темното ѕвездено небо дознаа од астрономот Ѓоре Ценев повеќе за филозофијата околу поврзаноста на ѕвездите и настанокот на живиот свет до приказната за Орион и Плејадите (или Седумте сестри, научно обележани како Месиер 45), кај нашиот народ позната како „Квачка“. Своето кратко предавање го заврши со зборовите „ние навистина сме деца на ѕвездите“.
Потоа паралелно на 4 проекции на сферичниот таван го погледнавме видеото во режија на Ана Јакимска, кое ги претстави седумте креации на Ирина Тошева со детали на самите парчиња доработени од страна на Нина Симовска. Манекенките – ѕвезди – кои беа присутни во просторијата и самото видео нè извозеа повторно низ приказната на создавање и сонување и нè потсетија дека никогаш не смееме да заборавиме да сонуваме! Големо браво за Ирина и Нина кои го осмислиле ова уникатно претставување на нивната соработка :)
Се надеваме дека наскоро ќе ви го споделиме и самото видео, а до тогаш погледнете само мал дел од атмосферата, пред и после стемнувањето во Планетариумот :)
English translation at the end of the post.
After the preview we posted, many of you asked us, what exactly is “Mesier 45”?
Yesterday, in the Planetarium in Youth Cultural Center, two groups of guests learned more about the philosophy of the stars and the creation of the world, through the story of Orion and the Pleiades (or the story of the Seven sisters, Mesier 45), known around here as “Kvachka”. The event curated by professor Gjorgji, led two groups of guests through the amazing story finishing his speech with “we truly are children of the stars”.
After the beautiful lectures we saw 4 projections of the video presenting the latest creations by Irina Tosheva in collaboration with Nina Simovska. The collection told us the story of the stars and dreaming, and reminded us never to forget to dream! A biiig bravo for Irina and Nina who created this unique experience to present their collaboration :)
We hope to share the amazing video soon, and until we do, take a peek at the atmosphere last night :)