Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska SS 2015 @ FWSK

Во интересен перформанс, новата колекција на Александра Митковска за Vibrazioni беше презентирана на малку поинаков начин од она што сме навикнати. Моделите  (носејќи темни наочари :) успешно прошетаа по необична писта поставена во центарот на Станица 26, а завршницата ја имаа на бината каде покрај нив беше и Sylvia Catasta задолжена за музичкиот избор.

Александра е една од ретките дизајнери кои своите ревии ги прикажува во склад со светските стандарди, па така овој пат имавме прилика да ја погледнеме нејзината визија за пролет/лето 2015.

Како и очекувано видовме строги линии кои сепак носат многу женственост, преубави материјали, необични комбинации (црна маичка врз фустан), а посебен допир на колекцијата и дадоа фотографиите на Милчо Манчевски пресликани на парчињата гардероба.

Наш фаворит, капутите! Сивиот со портокалови рабови, црниот со црвена внатрешност, yes please! :)

Уживајте во фотките :)

Повеќе | More >