За да си купам нови „старки“ се туфкав веќе неколку години, па замислете ми ја радоста кога пред скоро два месеци од црвена хартија со бели точки и машна си отпакував сосема нови, ниски и црвени старки за роденден! ^_^
Јас можеби ќе ги купев во сива варијанта, ама мило ми е што си добив црвени за да ми ги разбијат скоро секојдневните сиви комбинации :)
Вака облечена често и одам на работа и патувам – на мене сако кое нема да го туткам во багаж и марама да ми послужи како перница (и која најчесто е сосема во друга боја и шара од јакната или блузата што ја носам). Некако сум испозаљубена во машките часовници, па и овој пат не можев да му одолеам…
Машки часовник: Guess EXEC од My:time