Овој понеделник имавме прилика да бидеме дел од снимањето за новиот каталот на Преплет. Како и очекувано, беше пре-кра-сно! :) Магде и Вики освен што знаат да прават супер креативни работи, се покажаа и како супер домаќинки :)
Дел од каталогот се фотографираше на еден убав покрив во Карпош 1, на roof top журка во атмосфера која во ниту еден момент не наликуваше на досадна, стерилна фотосесија. Зад апаратот беше Ани, пред него девојките од Преплет и нивните пријатели :) Во „бохо“ стил, со вкусни коктелчиња (сте пробале 7up и рум? :) се смеевме, дружевме и неосетно поминавме неколку „работни“ часа на Преплет.
Веројатно можеме да наполниме многу постови со импресиите од убавиот понеделник, но ќе ве оставиме да уживате во дел од фотките и да се радувате на каталогот кој ќе пристигне наскоро тука :)