Search results
134 results found.
134 results found.
Ако имавте барем малку слична зима како мојата и се боревте со различни вируси и настинки на секои 5-6 дена, веројатно имавте мнооогу слободно време. Од искуство, после гледање цели 5 сезони The Office во 1 недела, ви се здосадуваат сериите и дремењето пред лап топ (да, знам дека треба да си го пишувам докторат, амааа…) па си барате други начини да го „пополните“ денот.
Ја имав среќата зимскиот „распуст“ да го поминам со три супер книги, па решивме да ги сликнеме за најновиот пост :) Love, Style, Life на Garance Dore (попозната како Гаранс на Сандра :)), Yes Please на Amy Poehler и Show Your Work на Austin Kleon.
Нема да навлагам во многу објаснувања и раскажувања на книгите, мислам дека ќе ви биде многу позабавно самите да ги откриете, можам само да ви ветам многу смеење и еден куп инспирација за супер старт на годината :) Уживајте, happy winter! :)
*Часовник: Michael Kors достапен во my:time
English translation at the end of the post.