Росица Мршиќ | Rosica Mrshik FWSK AW 2013/2014

Росица Мршиќ вчера го затвори осмото издание на Моден Викенд Скопје во Музејот на град Скопје каде во ограничен простор со малку публика ја претстави својата најнова колекција во облик на перформанс. Моделите полека дефилираа по две нивоа на скали и си ги заменуваа местата, оставајќи нè да ги забележуваме нитките кои го спојуваа секој нареден модел со претходниот.

Напластените карнери и големите јаки кои веќе се препознатлив стил на Росица беа забележливи и низ оваа колекција чија структура на женственост е инспирирана од 50-те, со строги геометриски завршетоци инспирирани од модата на 60-те години. Интересните текстилни шеширчиња, дезенираните хулахопки и јаката шминка која надополнуваше боја од некој од другите детали (макар и дното на чевлите) беа она што оваа колекција ја направија специфична и уште поинтересна.

English translation at the end of the post.

Повеќе | More >