Film Boutique #2: The 90's!

Уште од старт да се оправдаме: сè уште сме под импресии од второто издание на Film Boutique (во превод: ни иде да го гушнеме светот и сите вас што дојдовте :), ако постов е малку поемо од што треба, простете ни :)

Вчера, со почеток во 13ч заедно со најсупер Tiiiit!-овки го отворивме второто издание на Film Boutique, овој пат тема ни беа 90те. Ако ви кажеме дека подготовките ни изгледаа вака:

image

можете да замислите какви бевме на денот на настанот :)

image

image

image

image

Започнавме со проекција на филмот „200 Cigarettes” и уште од старт нè снајде проблем – нè изненади големата посетеност, па моравме да се снаоѓаме за место.

image

image

За среќа, веќе за проекцијата на вториот филм „Еmpire Records“ направивме поголемо гледалиште па така еден куп љубители на модата и филмовите си уживаа во филмот и зборуваа за карирани сукњички, скејтерски фармерки, млада Liv Tyler, adidas патики, ретро музика, и носење на одлуки со помош на M&M’s.

image

image

image

Трет филм на ред беше „Pulp Fiction“. Од шишки и бела кошула до 5$ милкшејк и хамбургер, секој си ги споделуваше омилените моменти од култниот филм додека грицкаше од Филм Бутиковските пуканки.

image

image

image

image

image

image

image

За крај го оставивме „Clueless“. Concept 37 се преполни, делевме лижавчиња и пенкалца со пуфки, и да, аплаудиравме кога се бација на крај :))

image

image

Овогодинешниот Film Boutique го завршивме со журка со 90’s музика, заслуга на DJ/VJ/најбоља Јана. Денсавме и пеевме, и имавме special performance од две наши омилени дами :)

image

image

image

Сè на сè, и овој Film Boutique за нас беше преубаво искуство! Уште еднаш, фала ви од сè срце на сите кои дојдовте, изгледавте филмче, грицнавте пуканки, пиевте кафе, нè гушнавте и си отидовте. Ни го разубавивте и денот и блогот и лежерното Скопје!

п.с. Tiiiit! Inc. ве сакаме! :)

Facebook Comment



You may also like