Skopje Design Week 2013

Како што веќе најавивме во постот за дизајнерската поп-ап продавница,  вчера во прекрасниот Куршумли Ан се отвори овогодинешната скопска недела на дизајнот.

Иако беше посветена на швајцарскиот дизајн, сепак во мистериозните одаи на анот можевме да видиме и други балкански и македонски дизајнери кои може гордо да стојат и на светската дизајнерска сцена. Од концептуален мебел, до решенија за постери, најмногу бевме привлечени од македонскиот моден дизајн и македонските дизајнери на накит.

SDW2013 ќе трае до 6-ти Октомври, а во текот на неделата ќе се одржат и голем број на работилници кои може да ги посетите покрај изложените експонати (кои често се на продажба). Целата програма погледнете ја тука (PDF).

English translation at the end of the post.

Повеќе | More >