Мода за добра цел | Fashion for a good cause

Одбележувајќи го светскиот месец за борба против ракот на дојка, Women’s Secret ги здружи силите со Друштвото за борба против рак на дојка „Борка“ во многу убава акција.

Во периодот од 15 октомври до 15 ноември 2013 година, со купување на било кој производ од брендот Women’s Secret купувачите ќе донираат средства за организацијата за борба против рак БОРКА. Собраните средства од акцијата ќе бидат наменти за купување на помагала кои им се потребни на жените заболени од оваа болест како што се специјални медицински градници, перики и сл.

image

Ние веќе купивме по некој сладок подарок за другарките за да ја поддржиме оваа акција. :)

Во продажниот салон на Women’s Secret во Skopje City Mall ќе биде поставена и кутија за донации, па можете да донирате средства дури и ако се одлучите шопингот да го оставите за некоја друга прилика :)

image

Women’s Secret have combined forces with the Organization for fight against breast cancer “Borka” in one very nice campaign, marking the world “fight against breast cancer” month.

With each product you buy from Women’s Secret in the period from 15th October till 15th November 2013, you will be donating means for “Borka”. These means will be used for buying special medical bras, wigs, and any other necessities for women who are dealing with this disease.

We already bought something sweet for our friends to support this campaign :)

A donation box will be set up in Women’s Secret’s store in Skopje City Mall, so you will be able to be a part of this great campaign even if you decide to leave the shopping for another day :)

Facebook Comment



You may also like