Во интересен перформанс, новата колекција на Александра Митковска за Vibrazioni беше презентирана на малку поинаков начин од она што сме навикнати. Моделите (носејќи темни наочари :) успешно прошетаа по необична писта поставена во центарот на Станица 26, а завршницата ја имаа на бината каде покрај нив беше и Sylvia Catasta задолжена за музичкиот избор.
Александра е една од ретките дизајнери кои своите ревии ги прикажува во склад со светските стандарди, па така овој пат имавме прилика да ја погледнеме нејзината визија за пролет/лето 2015.
Како и очекувано видовме строги линии кои сепак носат многу женственост, преубави материјали, необични комбинации (црна маичка врз фустан), а посебен допир на колекцијата и дадоа фотографиите на Милчо Манчевски пресликани на парчињата гардероба.
Наш фаворит, капутите! Сивиот со портокалови рабови, црниот со црвена внатрешност, yes please! :)
Уживајте во фотките :)
Vibrazioni #fwsk #fashionweekendskopje #skopjecasual
A video posted by Skopje Casual (@skopjecasual) on Oct 10, 2014 at 1:22pm PDT
Aleksandra Mitkovska’s performance for the latest Vibrazioni collection was presented in a different way from what we’re used to see by now. Models (wearing dark sunglasses in a club :) successfully walked an unusual runway, walking around the center of Stanica 26, ending their walk on the stage where they were supported by Silvia Catasta.
Aleksandra is one of the rare designers who present their collections in accordance with the world trends, so yesterday we had the opportunity to see her spring/summer collection for 2015.
As expected, we saw a lot of strict lines which still gave a feminine feel, beautiful materials, interesting combinations (dark shirt over a dress) and a special touch was given to the whole collections with the photographs by Milcho Manchevski which were printed on almost every piece of the line.
Our favorites, the coats! The grey one with the orange lines, the black one with the red inside, yes please! :)
Enjoy the photos :)