Како што веќе знаете, паралелно со ревијалниот дел на Моден Викенд го следевме и едукативниот сегмент – работилницата со Ребека Рој. Навистина уживавме во секојдневните разговори со Ребека и супер екипата на блогери и фотографи кои ги споделуваа своите искуства и размислувања на тема мода и модно блогирање. Очекувавме да запознаеме супер луѓе, но не очекувавме дека ќе бидат во толку голем број (и толку мала возраст :))
Наше најголемо „откритие“ на овогодинешното издание на Моден Викенд се овие три лица – Теа, Ѓорѓи и Владимир. Млади блогери и фотографи, кои на прв поглед веројатно никогаш не би ги сместиле во македонските затворени рамки бидејќи со сè што прават (од нивните фотографии до начинот на облекување) делуваат како да припаѓаат во големите модни метрополи.
Пресреќни сме што имавме прилика да ги запознаеме, да го видиме нивниот талент и да си добиеме нови супер другарчиња. Погледнете ги нивните блогови за да видите зошто сме толку импресионирани :)
Од нас само едно големо БРАВО ДЕЧКИ! Вие сте ни вистинска инспирација :)
English translation at the end of the post.
Погледнете го нејзиниот блог тука | Check out her blog here: http://tastemyblacktea.blogspot.com/
Погледнете ги неговите фотографии и дизајни тука | Check out his photos and designs here: https://www.facebook.com/GorgiDespodovPhotography
Погледнете ги неговите фотографии тука | Check out his photos here: https://www.facebook.com/vladimir.v.photography
As you probably already know, besides the shows this Fashion Weekend we also attended the educational segment of the event – fashion blogging workshop with Rebekah Roy. We really enjoyed our daily chats with Rebekah and the great team of bloggers and photographers who shared their experiences and thoughts on fashion and fashion blogging. We expected to meet awesome people, but we really didn’t expect to meet so many of them (and at such a young age :))
Our biggest “discovery” were this three faces – Tea, Gjorgji and Vladimir. Young bloggers, designers and photographers, who at first sight certainly don’t belong in the closed borders of Macedonia because everything they do (from their photos to the way they dress) belongs to the big fashion metropolis.
We’re really happy we had the chance to meet them, to see their talent and have great new friends. Check out their blogs and see why are we so impressed :)
You get a big BRAVO guys from our side! You are a true inspiration :)