Трети Stylist.mk награди: Јована, Стефанија и Рене | 3rd Stylist.mk awards: Jovana, Stefanija & Renae

Како црешка на шлагот, крајот на секој Моден викенд е зачинет со изборот на Stylist.mk за најинспиративната колекција, дизајнер и модел.

Уникатната статуетка за главната награда – најдобра колекција ја изработи дизајнерката на накит Илина Поповска. Наградата за најдобар млад дизајнер ја направи тандемот Моника Лозановска и Александар Баки Милев кои стојат зад брендот за накит „Еклектика“, а признанието за најдобра манекенка го креира Андријана Андреева (Ани Соро).

Ова е трет пат како сајтот Stylist.mk ги избира најдобрите на Моден викенд Скопје. Досегашни добитници на наградата за најдобра колекција се Росица Мршиќ и Лидија Георгиева, за најнадежни дизајнери беа именувани Бобан Илиевски и Оливера Штакоска, а кај моделите – Маја Ристевска и Моника Алексовска.

Like a cherry on cream, the end of each Fashion Weekend Skopje is spiced up with the choice of Stylist.mk about the most inspiring collection, designer and model.

The unique statue for the main prize was made by Ilina Popovska. The best designer award was made by the tandem Monika Lozanovska and Aleksandar Baki Milev (Eklektika) and the best model recognition piece was done by Andrijana Andreeva (Ani Soro)

This is a third time of Stylist.mk choosing the best on FWSK. So far, winners for best collection are Rosica Mrsik and Lidija Georgieva, new designers were Boban Ilievski and Olivera Shtakoska and models – Maja Ristevska and Monika Aleksovska.

image

фото/photo: Stylist.mk

Оваа година наградата за најдобра колекција на десеттото издание на Моден викенд  е доделена на Јована Филиповиќ, за линијата Where The Wild Things Are, есен-зима 2014/15.

This year the award for best collection for the tenth edition of Fashion weekend was awarded to Jovana Filipovic, for the lineWhere The Wild Things Are, fall winter 2014/15.

image

За најдобра млада дизајнерка тимот на Stylist.mk ја избра Стефанија Насеска, за нејзината колекција „Азбука“.

The best young designer according to Stylist.mk was chosen to be Stefanija Naseska, for her collection “Alphabet”.

image

Признанието најдобра манекенка на есенското издание на FWSK го добива Рене Рајт (Renae Keily Wright) од модната агенција „Подиум“.

The best model for the fall edition of FWSK went to Renae Keily Wright from Podium.

image

Честитики на добитниците, нека ги следи инспирација! /

Congratulations all winners, may you be inspired.

Facebook Comment



You may also like