Во шестата сезона од постоењето на брендот на облека „Celebrate Life“, дизајнерот Индог нè носи во црвено-црна шумска приказна спремни за авантури со дебели топли дуксери :)
Темата и на фотосесијата потсетува на некои индијански обележја кои може да се забележат како на принтот на дуксерот, така и во шминката на моделите. Принтот на црниот модел е суптилен кој се двои од позадината само поради својата текстура и на некој начин делува забавно страшен, додека на црвениот има племенска верзија од елен.
За Индог знаеме дека е голем љубител на природата и животните, а тој за инспирацијата вели „Оваа колекција е инспирирана од шумата и шумските жители. Секако, продолжение е на претходните капсулни колекции кои што беа инспирирани од секојдневието, убавината и едноставноста на животот. Околу боите се одлучив да бидат црна и црвена поради прелазот на тоновите кога ноќта се спушта во шумата а, црвената поради најубавите тонови на зајдисонцата кои што ги гледав периодов (летото, пролетта, есента). За разлика од ланските дуксери овие се потенки и секако има поинакви интервенции во поглед на кројот, џеб и составните елементи на истите.“
Celebrate Life – In The Woods
Зима 2014/2015
Модели: Марија, Ики
Фотографија: Жарко Чулиќ
Шминка и фризура: Јелкица Поповска
Арт режисер/Дизајнер: Ind.o.g
English translation at the end of the post.
In the 6th season of the „Celebrate Life“ brand, Ind.o.g. as a designer takes us to а black & red adventure in the woods, well prepared with warm hoodies :)
The theme of the collection and the photo shoot are leading us to some Indian marks that could be noticed in the prints as well as the make up. The print of the black model is so subtle that only separates itself from the background by its texture and in a way, it’s fun and scary in the same time, while in the red model has a tribal version of a deer illustration.
We already know that Ind.o.g is a huge lover of nature and animals, and he only confirmed that when we asked him about his inspiration: “this collection is inspired by the woods and its inhabitants. Of course, it’s a sequel of the previous capsule collections that were inspired by the everyday situations, the beauty and the simplicity of life. I decided the colors should be black and red, black because of the transition of tones when the night sets into the woods, and red because of the most beautiful tones of sunsets that I was watching this whole period (during the summer, spring, autumn…). Unlike last year’s hoodies, these are made from lighter materials and they have different interventions regarding the cut, the pockets and the other assembling parts.”
Celebrate Life – In The Woods
Winter 2014/2015
Feat Marija, Iki
Photography: Zharko Chulikj
HMU: Jelkica Popovska
Art director/Designer: Ind.o.g