Making of: Skopje Casual Collection

Креирањето на нашата колекција беше толкаво уживање за нас, што си се радувавме буквално на секој чекор од нејзиното создавање :) Ќе ви ја раскажеме на кратко нашата приказна, со надеж дека ќе поделиме малку среќа и лежерна инспирација и со вас :)

По иницијалните муабети со Bastet Noir пред три месеци во Coffice, последниов месец беше прилично хаотичен :) Веќе одамна имавме претстава какви парчиња би сакале да има колекцијата – секоја по 2 модели во нејзин стил, со едно нешто заедничко – лежерноста, потребно беше само да се „склопат“ идеите. :)

Откако ги споделивме првичните замисли со Bastet и се согласивме дека тоа е тоа, започнавме со насоки за изработка кои изгледаат отприлика вака:

d20dd2daaedc0535525b5bb7e6042b17

Следно беше изборот на материјали, also known as, Ива, Калина и Сандра in wonderland :) На располагање имавме мнооооогу материјали и ограничен буџет, што значи, бирање, бирање, бирање.

A photo posted by Skopje Casual (@skopjecasual) on

Одвај се одлучивме :) и ја препуштивме работата на вредните Bastet Noir. Во помалку од една недела ги имавме готовите резултати во нашите раце!

За крај на подготовките дојде фотосесијата. За да си задржиме се „по нашки“ ја направивме во ист стил како и фотографиите на блогот. Се собравме трите, договоривме каде ќе одиме и се пресоблекувавме во рекордно време :) Без специјални фризури, без шминки, без светла, помпезни фотосесии, баш такви какви што сме си, бидејќи сигурно не очекуваме од вас да го правите истото кога ќе ги носите овие парчиња :)

И тоа е тоа, приказната за нашата прва колекција :) Убавото е тоа што не застануваме тука, приказната продолжува со вас :) Нарачајте си го парчето кое најмногу ви се допаѓа тука или пишете ни како ви се допаѓа целата колекција во коментар :)

English translation at the end of this post.

 

 

The genesis of our collection was so much fun for us, we were happy every step of its creation :) We will shortly tell you our story, to hopefully share some happiness and casual inspiration with you :)

After the intial talks with Bastet Noir three months ago in Coffice, the last month was pretty chaotic :) We’ve had an idea about what pieces we’d like the collection to conain – each of us in 2 models in her style, with casual as its common ground, so we only needed to put the ideas together. :)

Since we shared the original ideas with Bastet and agreed about the foundations, we started with guidelines that look something like in the photo :)

The next was the choice of fabrics, also known as, Iva, Kalina and Sandra in wonderland :) We had a lot of materials at our disposal and a limited budget which meant choices, choices, choices.

We barely got to the final decisions :) and left the fun to the diligent Bastet Noir. In last than a week we had the results ready in our hands!

For the end of the prepration, it was time to close with a photoshoot. To keep everything in our style, we made it in the same mode as the blog photos. We got together, agreed where and changed wardrobes for the Guinness world records :) Without special hair and makeup, no artifical lights, just us, as we are, because we don’t expect you to primp up when you wear what we have made :)

That’s about it, the story of our first collection :) The best part of it is – we don’t stop here, the story continues with you :) Order the piece you like here or write us how you like the collection in the comments below :)

Facebook Comment



You may also like