Ирина Тошева: Паратисима ќе донесе инспирации и кураж

Со задоволство пренесуваме вест од Ирина Тошева, која оваа година е куратор на Паратисима, интернационален саем на современа уметност.

За сите кои спаѓаат во улогата на визуелен уметник, архитект, фотограф, дизајнер, моден дизајнер, режисер, или пак, и би сакал/а да се претстават со перформанс, мултимедијален проект или било кој друг уметнички или креативен формат, Паратисима Скопје ги поканува да го споделат своето дело со нова и широка публика.

paratissima_flyer_fb-sponsored-1 (1)

Ја оставаме најавата на Ирина во целост:

“Mожноста создадените дела да бидат видени од што поширока публика е голем плус за секој креативец. Особено кога не е само на локално ниво. Секое претставување на настан како „Паратисима“ овозможува и да се види до каде сме, на што треба повеќе да се работи, а и да се добијат многу инспирации и кураж за нови дела. Покрај уште едно искуство во сечие портфолио, тука е и можноста за учество на „Паратисима“ во Торино и дружење и запознавање луѓе од целиот свет. Ги охрабрувам сите студенти, креативци, колеги да учествуваат.

Се радувам на поканата од организаторите да бидам куратор за делот мода. Ова е нов предизвик и за мене. Ветувам убаво искуство и супер дружење. Пријави се!”

Ви посакуваме среќа на сите, што повеќе инспирација, тоа подобро!

Facebook Comment



You may also like