Веста дека веќе е есен нè пречека малку неспремни пред некој ден кога тргнавме да се сликаме и сфативме дека во 19ч е темница (ако ви требаше објаснување зашто се мааалце матнички фотките, ќе се вадиме на „нè изненади есента“ :))
Колку и да не сакаме да му кажеме чао на летото, есента ни носи некои од омилените убавинки – оние совршени свежи, сончеви септемвриски денови со топло ветре и многу сонце, парк полн со крцкави ливчиња, топло Нес во замена за Фредо, костенииии, временски услови што дозволуваат шишки (хехе)…
Првиот есенски пост за оваа година го сликнавме со Emporio Armani, машки модел кој можете да го побарате во сите продажни салони на MY:TIME под шифрата AR1976 ZETA.
Искористете ја раната есен за да се изнашетате и изнауживате, се гледаме на скопски улици! :)
English translation at the end of the post.
We got the surprising news that autumn is already here a few days ago when we went out to take photos and realized it’s already dark at 7pm (if you needed an explanation why a few of our photos are a bit blurry, we’ll just say we were “surprised by autumn” :)
As much as we don’t want to say bye to summer, autumn brings some of our favorite things – those perfect sunny, breezy September days, parks full of fallen leaves, warm Nes instead of Fredo, chestnuts, perfect conditions for a fringe (hehe)…
We shot the first autumn post for this year with Emporio Armani, you can look it up at every MY:TIME store under the code AR1976 ZETA.
Take full advantage of early autumn, take a bunch of walks, enjoy the great weather and see you on the streets in Skopje :)