Skopje Vinyl Convention

Октомври е секогаш месец на убави настани во Скопје, а ако редовно нѐ следите сигурно знаете за нашата голема љубов кон Skopje Vinyl Convention од day 1. Настан со мнооогу плочи, изложувачи од цел свет, настапи на нашите омилени DJ-и, на кратко, славење на добрата музика од сабајле до вечер.

Досега го памeтевме по супер дружбите пред и во МКЦ, а годинава заради целата ситуација настапите на преку 20 DJ-и ќе може да се следат преку стримот во живо на Facebook страницата и евентот на овој линк: https://www.facebook.com/events/259535352033483

Што значи тоа?

  • Во исто време ќе можете да сте на Skopje Vinyl Convention и да си правите пижама парти по дома
  • Да ручате и да го слушате омилениот DJ како ви пушта музика во живо
  • Да гејмате и да имате топ музиче за во позадина
  • Да го соберете цело друштво онлајн и да правите свој party stream на zoom додека DJ-ите на Skopje Vinyl ви пуштаат музика
  • Да листате списание/читате книга и да цупкате со стрим како soundtrack
  • Да си ги средувате омилените плочи/да нарачувате нови онлајн со песните што ќе ги ловите преку Shazam
  • Да се запознаете (и заљубите хехе) со некој друг што ќе го следи и ќе коментира на стримот тука: https://www.facebook.com/events/259535352033483 :)

Ако не ве убедивме, имаме уште многу причини, само пишете ни <3 Се гледаме (виртуелно) на Skopje Vinyl Convention 2020! :)

Интензивно се спремаат и ги вежбаат плочите… Сабота 10.10 е за само неколку дена! Кликни на FB настанот…

Публикувахте от Skopje Vinyl Convention в Вторник, 6 октомври 2020 г.

Iva Dujak

Facebook Comment



You may also like