Одамна не сме се собрале и фоткале низ Скопје, а Критичната маса, по подолга пауза од скоро цела година, беше одлична прилика! Времето многу ни се погоди, зајдисонцето нѐ пречека, а возбудата за возењето кај голем број присутни беше неизбежно забележителна :)
Овој пат се радуваме што имаше многу различни средства за микромобилност, како и многу деца, за кои уште побитно е да се бориме за поубав, побезбеден и поправеден град! Бидејќи повеќе нема организирани официјални критични маси секој месец, не ја пропуштајте следната прилика да ни се придружите – доколку има настани, објавено е кај НаТочак :)