Скопје вчера го доби првото место каде што дизајнерите (од кој било подвид) сигурно ќе се чувствуваат како дома. Присуствувавме на отворањето на Concept 37 (на Рузвелтова број 37) кој е замислен како концептуален кафе-бар со изложбен простор, мини библиотека, убава естетика и еден тон инспирација.
Отворањето го одбележа првата од многуте планирани изложби, изложбата „Илустрирани кирилични букви“, нормално 30 на број – од српската азбука, на белградскиот илустратор (и арт директор, иако така не милува да се нарекува) Братислав Миленковиќ.
Тој одржа кратка презентација за неговата работа, а потоа инспирирани нè препушти едни на други да продолжиме да разговараме за неговата, па и нашата работа, со оглед на тоа што имаше голем број на луѓе што работат во полето на дизајн и маркетинг.
Убав простор, убави луѓе, убава атмосфера… И паркинг за точаци зад зградата :)
English translation at the end of the post
Yesterday Skopje got its first place where designers (of any kind) will feel like they definitely belong to. We attended the opening of Concept 37 (at Franklin Roosevelt street No.37), a conceptual cafe bar with an exhibition area, a mini library, nice aesthetics and tons of inspiration.
The opening featured the first of many planned art exhibitions, the exhibition named “Illustrated Cyrillic letters” dedicated to the 30-letter Serbian alphabet, by the illustrator (and art director, which is a title he doesn’t like to use to represent himself) from Belgrade – Bratislav Milenkovic.
He held a short presentation of his work, and afterwards he left us inspired to continue talking about his, well, and our work, having in mind that many people that work in the field of design and marketing were present.
A nice space, nice people, nice ambient… And a bike parking behind the building :)