Ретко кој со кој разговаравме деновиве има слушнато за „печа куча“, настанче со интересно име кое често се споредува со TED Talks и кое за прв пат се појавило како формат/начин на презентирање во Токио. Бидејќи архитектите за своите проекти можат да разговараат со денови, една група на архитекти поставиле ограничување за презентација така што во 20 слајда по 20 секунди треба да ја претстават својата работа пред другите колеги.
Настаните биле од отворен тип и секој можел да ги посетува, а набрзо потоа се прошириле и темите, но и локациите на кои овој начин на презентирање почнал да се одржува.
Пред неколку недели добивме изненадна покана од две девојки, Ана од Скопје и Палома (која поради љубов се преселила во Скопје ^_^) кои во Шпанија неколкупати присуствувале на организирани печа куча ноќи (Pecha Kucha Nights – PKNs) и одлучиле непрофитно да го организираат настанот и кај нас.
Првата скопска печа куча ќе се одржи во четврток, 18 јули во 21 часот на платото меѓу Чифте Амам и Ла Кања во старата скопска чаршија. Нашата презентација ќе биде 6-та по ред од вкупно 9 на одлични креативни и инспиративни луѓе кои ги запознавме на заедничкиот состанок.
Редоследот на презентации е следен и сите траат околу 5-6 минути:
Фала ви девојки за поканата да презентираме и фала на Дарко Христов што ни дозволи да ги искористиме неговите фотографии од состанокот!
Се гледаме и слушаме во четврток! :)
We rarely meet people who have already heard of “pecha kucha”, a very cool event with an interesting name, usually compared to TED Talks, which was first started in Tokyo. Because architects can talk about their projects for days, a group of architects developed a presentation concept which was limited to 20 slides, each slide 20 seconds long, and used this concept to present their work in front of their colleagues.
The events were opened for public, everyone could participate, and very soon there was a huge expansion in both themes and location, and so pecha kucha became “a thing”.
A few weeks ago we were invited to participate in the first Macedonian pecha kucha by two girls, Ana from Skopje and Paloma (who moved to Skopje for love ^_^) who have attended this kind of events in Spain and decided to organize them in Skopje as well.
We’re very happy to announce that the first pecha kucha in Skopje will happen this Thursday, 18th July at 9pm at Chifte Amam and La Kana at the Old Bazaar. Our presentation will be sixth, from a total of 9 excellent creative and inspiring people we met on our first meeting.
The agenda of presentation (each will last about 5-6 minutes) is following:
01 Nina Simovska
02 Rodrigo Mirvalles
03 Critical Mass
04 Pole People Skopje
05 Kooperacija
06 Skopje Casual
07 Ind.o.g
08 Preplet
09 Atelier Manichino
Girls, thank you so much for the invitation, and also one biiig thanx to Darko Hristov who allowed us to use his awesome photos from our first meeting.
See you on Thursday! :)