По минатонеделната награда за Александра, и она не инспирираше нас со веселоста на духот и стилот! Ја сликнавме и ја прашавме понешто за да ви презентираме супер скопски радио лик на нашиот блог!
Што означува casual за тебе и како избираш што носиш?
Работата и постојаните обврски не ставаат сите во една линија. Сите на работа или настан ја имаме онаа варијанта што се носи и каде се носи. На работа имате некој утврден начин на облекување каде жените го имаат она познато ,,костимче,, кај мажите костум,бела кошула и вратоврска. Јас решив да одберам smart casual
и на на работа да го одберам оној изглед “look sharp without being too formal, некако сеуште сакам да ја задржам двојката во бројот на моите години и да оставам впечаток на it’s professional but also relaxed.“
Casual за мене е слобода на избор, удобност и можност за целосно искажување на личноста преку нејзиниот стил на облека и начин на кој таа или тој тоа го носи. Носам тоа што сакам и најчесто зависи од моментот на моето расположение и креативнст, а креативноста е во делот на мешање на парчиња облека кои како што велат моите пријатели дека само јас имам храброст тоа така да го носам.
Што ти е омилено парче во последно време?
Накитот ми е омилен секогаш, мое старо правило е дека и наједноставниот дуксер, џемпер или обична блуза може да биде различна со мало парче накит.
Во моментот омилени ми се хеланки кои ги купив од zara а за кои моето момче вели дека одговараат со трендот на Скопје, барок :) . Но за мене се одлични бидејќи се мешавина на обично платно,скај и везени тегетни цветови на предниот дел кои ги прави различни од секое парче кое би го одбрале, а се едноставни за секоја комбинација … на патики,високи потпетици или чизми.
Што/кој ти е инспирација?
На секој агол црпам инспирација, а најмногу на патувања. Инспирација може да ми бидат пријателките или моето момче, непознати луѓе кои ако насмеани ве одминат на улица ме инспирираат и потикнуваат насмека и на моето лице…обична прошетка во парк, Водно или далечно патување… На агенда ми се неколку дестинации кои се надевам ќе се впишат во албумот на досегашните и ќе ми донесат уште инспирација за многу нови идеи. Сакам со сите сетила да го живеам животот и секој ден во
него бидејќи ако со отворен ум пристапуваме на се она што сакаме да го реализираме само небото може да биде лимит.
Што е најголем предизвик да се пренесе преку радио?
Најголем предизвик преку радио е да се пренесе позитивна енергија, ведрина и ако ги инспирирате луѓето кои во моментот ве слушаат да се насмевнат бар тие два часа кои ние сме на програма за викенд мислам дека веќе сме постигнале успех.
Насмевката е најубавиот и најевтиниот подарок што може да се подари… а со тимот со кој јас работам на Едноставно викенд на Метрополис радио Коста, Никец и Деко секогаш имам насмевка, одличен почеток на денот бидејќи се тим кој секој би го посакал … секогаш имаа смеа, позитивен дух и добро дружење: слушателите на Метрополис се потврда за сработеното !
Која е песната што посакуваш сите да ја слушнат во моментов?
Pharrell Williams – Happy … песна која постојано треба да ја слушаат … мене ме потсетува секогаш на луѓето кои се околу мене и ме исполнуваат со среќа и енергија за постојано да се справувам со секој предизвик кој го носи денот !
Среќа се малите нешта околу нас … и на крај на ден што и да облечете на вас ако ја немате енергијата брендот на облека или скапиот накит само ќе го нагрди вашето лице и тело и ќе се изгубите себе.
Во овој матрејален свет јас сакам да носам евтина облека која јас ќе ја исполнам со скапа насмевка :)